Дома Фудбал Италија Тео Хернандез дебитираше со гол за Милан! (видео)

Тео Хернандез дебитираше со гол за Милан! (видео)

Тимот на Милан денес го одигра првиот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Избраниците на Марко Џампаоло денес одиграа тренинг натпревар од затворен тип против Новара која се натпреварува во Серија Ц, а во првиот тим на Милан се најдоа неколку играчи кои би требало да бидат стадардни првотимци во наредната сезона.

На крајот натпреварот завршил 1:1, а голот го постигна новото засилување, Тео Хернандез.

После натпреварот Милан на пресконференција официјално го претстави Хернандез, кој изјави дека е пресреќен што ќе игра за „росонерите“.

„Кога ми се јави Паоло Малдини веднаш прифатив да дојдам тука. Знаев дека Милан е голем клуб, но кога стигнав видов дека станува збор за еден од најголемите клубови во светот. Мои идоли се Малдини и Марсело и се надевам дека долго време ќе останам во Милан и ќе освојат многу трофеи“, изјави Тео.

„Росонерите“ утре патуваат на припреми во САД каде ќе одиграат неколку пријателски натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…