Дома Фудбал Тензична е ситуацијата во Каталонија: Се повикува на прекин на „Ел Класико“

Тензична е ситуацијата во Каталонија: Се повикува на прекин на „Ел Класико“

Најголемото шпансо дерби се игра вечерва, Барселона и Реал Мадрид ќе се сретнат на „Ноу Камп“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Очекувано пред овој натпревар владее по малку и тензична атмосфера, а тоа е така поради политичката ситуација во Каталонија.

Барселона секако ќе има голема поддршка од трибините. Пред овој натпревар направена е тајна група под името „Демократско цунами“, таа сака на интересен начин да го прекине натпреварот.

Тие ги повикаа сите на стадионот да донесат топка за плажа и во еден момент да ги фрлат на теренот и на тој начин на кратко да го прекинат натпреварот.

Овој прекин би бил вид на протест против владата во Мадрид која во октомври ги осуди организаторите на референдумот во Каталонија на долги затворски казни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд не може да биде капитен на Манчестер сити поради бизарно правило

Енцо Мареска објасни зошто не можеше да го именува Ерлинг Халанд за нов капитен. Астрономс…