Дома Фудбал Англија Тен Хаг ги реши сите дилеми: Едвај чекам да работам со Роналдо!

Тен Хаг ги реши сите дилеми: Едвај чекам да работам со Роналдо!

Манчестер Јунајтед започнува нова ера со Ерик Тен Хаг и во таборот на „црвените ѓаволи“ се надеваат дека конечно тој ќе биде човекот кој ќе го врати Манчестер Јунајтед на победничките патеки.

Самиот Тен Хаг истакна дека знае дека во Јунајтед го очекува многу работа, а една од главните теми во медиумите е Кристијано Роналдо. Многу се пишуваше за тоа дали Португалецот ќе биде потребен, а ако судиме според последната изјава на холандскиот стратег изгледа ќе биде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Едвај чекам да работам со Роналдо, станува збор за страшен фудбалер. Сите знаеме што оствари до сега и мислам дека се уште е многу амбициозен. Секако дека сакам да задржам. И во изминатата сезона се виде дека е многу важен за тимот, неговата статистика беше одлична“, изјави Тен Хаг.

Сезонава Роналдо постигна 24 гола на 39 натпревари во сите натпреварувања, но тоа е слаба утеха за Јунајтед затоа што тимот во наредната сезона нема да игра ниту во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…