Дома Фудбал Тебас за реакциите на Реал за ждребот: Нели сакавте поинтересни натпревари?

Тебас за реакциите на Реал за ждребот: Нели сакавте поинтересни натпревари?

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас испрати мала провокација до Реал Мадрид после ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што е познато ждребот мораше да биде повторен поради техничка грешка. Во првата ждрепка Реал ја доби Бенфика, а потоа на повторената за противник го добија Пари Сен Жермен. Уште во најавата дека ждребот ќе биде повторен од Реал испратија реакции и сметаа дека се оштетени.

„Можеби Реал е во право дека не требаше целата ждреба да се повтори. Не знам дали беше човечка или техничка грешка. Но, не ли сакаа поинтерсни натпревари. Ете, натпревар со ПСЖ сигурно е поинтересен отколку да се игра со Бенфика“, изјави Тебас кој секако алудираше на Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи го донесе Морган Роџерс за 137 милиони евра

Челзи го комплетираше еден од најголемите трансфери за време на летниот преоден рок. Морга…