Дома Топ вести Тажна вест: Почина најуспешниот претседател на Победа, легендарниот Ацуле

Тажна вест: Почина најуспешниот претседател на Победа, легендарниот Ацуле

Денеска на 74-годишна возраст почина Александар Забрчанец-Ацуле. Долгогодишен фудбалски работник под чие раководство ФК Победа ги постигна најголемите успеси, пренесе Слободен печат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Прилепскиот клуб во тој период освои две титули шампион на Македонија (2003/2004 и 2006/2007), беше и победник во Купот на Македонија (2001/2002).

Воедно имаше 10-годишно постојано настапување во евро-куповите со 32 одиграни натпревари низ кои несомнено го даде својот голем придонес за меѓународна афирмација на ФК Победа.

Забрчанец најголем дел од својот живот го посвети на фудбалот и неговата најголема љубов- ФК Победа.

Во Победа Ацуле започна да работи од 1979 година, од март 1996 беше директор, а подоцна и Претседател на клубот кој го вивна во височините на македонскиот фудбал приредувајќи огромни моменти на успеси и радости за прилепските љубители на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ГОТОВО Е! Челси носи нов лев бек – трансфер вреден 21 милион евра

Челси постигна целосен договор за трансферот на левиот бек Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, …