Дома Кошарка Тажна вест: Почина кошаркарската легенда Мирко Новосел

Тажна вест: Почина кошаркарската легенда Мирко Новосел

Поранешниот селектор на Хрватска и Југославија, Мирко Новосел, почина на 86-годишна возраст.

Новосел беше врвен кошаркар и тренер, еден од најдобрите што ги имаше Хрватска.

Новосел ќе остане запаметен како најтрофејниот хрватски тренер. Со репрезентацијата во 1993 година освои бронза на Европското првенство во Германија, а една година претходно го освои среброто на Олимписките игри.

Беше и селектор на Југославија со која освои сребро на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, а во Москва во 1980 година освои злато.

Четири години подоцна во Лос Анџелес тој беше бронзен. Со Југославија освои и четири медали на светските првенства – сребро во 1974 година, злато во 1978 година и две бронзи во 1982 и 1986 година.

Тој е легендата на Цибона, која во 1985 и 1986 година стана европски првак со него на кормилото.

Во 1981 година го донесе Крешимир Ќосиќ во клубот и стана шампион на Југославија, а потоа освоија уште две титули и седум пехари во Југославија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ со 14 поени го водеше Арис до голем триумф над Панатинаикос

Ненад Димитријевиќ придонесе со 14 поени и пет асистенции во победата на Арис од 99:90. Со…