Дома Останати Кошарка Тажен ден за кошарката во регионот: Некогаш големиот гигант прогласи стечај!

Тажен ден за кошарката во регионот: Некогаш големиот гигант прогласи стечај!

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Хрватска, Цибона и официјално и банкротираше.

Клупската смета на Цибона е блокирана повеќе од 12 дена, па сега мораше да биде прогласен стечај. Неодамна клубот објави дека е започнат процес на трансформација во спортско акционерско друштво во кое долговите би се трансформирале во акции.

Сега „волците“ имаат 45 дена да ги убедат институциите како ќе се извлечат од оваа тешка.

Покрај финансиската ситуација, Цибона не изгледа добро ниту во играчкиот кадар. Поради блокадата од ФИБА за регистрација на играчи во овој момент имаат само пет професионални кошаркари и десетина јуниори за да се задоволат барањата за старт во АБА-лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…