Легендарниот американски кошаркар Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Трагичната вест за смртта на Коби Брајант ја шокираше целата јавност. Заедно со Брајант настрада неговата ќерка и уште седум други лица.
Многу познати личности му оддаваа почит на Брајант. Во морето емотивни пораки се најдоа и некои пораки кои се обидуваа да наштетат на неговото лик и дело. Новинарката на „Вашингтон постс“, Фелисија Сомнез, по трагичната смрт потсети дека Брајант во 2016 година бил обвинет за сил*вање кое наводно се случило во 2003.

Нејзината објава наиде на огромна осуда од целата јавност и многумина и порачаа дека сега не е момент да се објавуви нешто вакво.
Дека погреши покажува и постапката на нејзиниот медиум кој ја суспендираше на неопределено време и постои голема можност да остане без работа.