Дома Топ вести Суперкомпјутер пресмета: Барселона ќе ја освои Лигата на Европа

Суперкомпјутер пресмета: Барселона ќе ја освои Лигата на Европа

Барселона е во навистина тешка ситуација во Лигата на шампионите откако Каталонците изгубија од Баерн Минхен и Бенфика со вкупна гол-разлика 0:6 и без упатен удар кон противничкиот гол.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонскиот гигант за првпат се наоѓа во ваква ситуација и со оглед на играта поминувањето на групата во ЛШ изгледа тешко. Поради тоа дел од фудбалските аналитичари и обложувалници предвидуваат дека Барселона ќе заврши како третопласирана и ќе продолжи да се натпреварува во Лигата на Европа.

Така Суперкомпјутер со алгоритам кој ја зема во предвид моменталната форма и вредноста на секој тим пресмета дека Барселона ќе биде освојувач на Лигата на Европа. Зад Барселона во второто по ранг европско натпреварување се рангирани Наполи, Сосиедад, Баер, Бетис, Вест Хем…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Паднаа важни потписи: Вардар ги продолжи договорите со четири играчи

По освојувањето на шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, најтрофејниот …