Дома Фудбал Италија Супер меч на „Меаца“: Интер со голем пресврт до победа против Торино ?

Супер меч на „Меаца“: Интер со голем пресврт до победа против Торино ?

Фантастичен меч на „Џузепе Меаца“ одиграа Интер и Торино и на крајот славеа домаќините со голем пресврт.

Торино поведе во финишот од првото полувреме преку Заза. Гостите во 62. минута поведоа и со 2:0 со голот на Ансалди од пенал. Дури кога Интер имаше негатива од 2:0 почна д игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Две минути по голот на Ансалди Интер намали на 1:2, а гол постигна Алексис.

До изедначување „нероаѕурите“ стигнаа во 67. Минута. Алексис овој пат беше асистент, погоди Лукаку. Кога изгледаше дека Торино може до бод еден од играчите на гостите го фаулираше Хакими во казнетиот простор. Судијата Ла Пена по прегледувањето на ВАР досуди пенал за Интер.

Одговорноста од белата точка ја превзема Лукаку кој со својот втор гол на мечот го доведе Интер во водство. До крајот Лукаку ги постави конечните 4:2.

Во останатите натпревари Рома беше убедлива со Парма (3:0), Болоња со пресврт славеше против Сампдорија (1:2), додека Сасуло на гости запиша триумф против Верона (0:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…