Во драматичен натпревар Арсенал успеа да слави во дербито против Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На натпреварот во Лондон Арсенал постигна два гола во судиското продолжение за триумф од 3:1.
Гостите први дојдоа до водство по 27 минути игра, но само една минута подоцна Одегард изедначи на 1:1. За нови големи возбудувања се чекаше до самата завршница кога беше и најинтересно.
Прво, во 89. минута беше поништен гол на Гарначо по реакција на ВАР, а кога изгледаше дека нема да има победник, Јунајтед постигна два гола.
Новото засилување за Арсенал, Даклан Рајс во 96. минута погоди за предност на „топџиите“, за во 101. минута Габриел Жесус да ги постави конечните 3:1.