Tимот на Челзи успеа да испише историја како клуб кој ја продал најскапата карта за еден од натпревар од Премиер лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, Челзи продаде влезница за сума од неверојатни 5.000 фунти. Тоа е сума доволна да се постави нов рекорд во Премиер лигата.
Седиштето е веднаш зад Маурисио Покиетно и човекот кој ја купи ќе има можност да ги запознае фудбалерите на Челзи, а покрај тоа ќе биде достојно пречекан и испратен од натпреварот.
Влезницата е за натпреварот во април кога Челзи ќе игра против Манчестер Јунајтед. Претходниот рекорд го држеше Манчестер Сити со продадена карта за 4.200 фунти. Тука е и Вест Хем кој со пакет кој вклучува летање со хеликоптер на стадионот успеа да продаде влезница за 4.000 фунти.