Дома Фудбал Судијата одбил да гледа ВАР: Во Лацио протестираат поради судењето против Јувентус

Судијата одбил да гледа ВАР: Во Лацио протестираат поради судењето против Јувентус

Фудбалерите на Лацио и тренерот на овој тим Маурицио Сари одбија да даваат изјави за медиумите во Италија по вчерашниот пораз од Јувентус.

Лацио во Торино беше поразен со 3:1, а по натпреварот никој од таборот на клубот од Рим не сакаше да даде изјава.

Италијанските медиуми пишуваат дека причината за ваквиот протест е што се незадоволни од судењето.

Конкретно во лацио се незадоволни од ситуацијата во 10. минута од натпреварот кога сметаат дека топката излегла во аут, но судијата одбил да ја гледа ВАР снимката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…