Холандскиот фудбалер Кевин Стротман, можеби изненадувачки, на крајот од преодниот рок ја напушти Рома и потпиша за Марсеј, кој го плати 28 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После многу години поминати во италијанската престолница, Стротман се одлучи на нов чекор во кариерата и вчера за прв пат зборуваше за медиумите како член на Марсеј.
„Среќен сум што станав член на овој голем клуб. Разговарав со тренерот, претседателот и спортскиот директор и од сите служнав дека ме посакуваат. Ја прифатив понудата, ми се допаѓа проектот и дојдов овде да му помогнам на Марсеј во остварувањето на своите цели.“ – изјави Стротман.
Можеби е случајност, но Стротман од Рома замина непосредно по доаѓањето на францускиот фудбалер Стивен Нзонзи кој игра на истата позиција.
„Не заминав поради неговото доаѓање. Нормално е секој клуб да се засилува, па така и Рома која ова лето донесе многу играчи. Конкуренцијата во екипата е нормална работа, но заминав од причина што проценив дека дојде време за неа. Поминав во Рома пет години.“