Дома Фудбал Останато Стоичков: Како против коронавирусот? Со лук, кромид и топла вода

Стоичков: Како против коронавирусот? Со лук, кромид и топла вода

Христо Стоичков, легендарниот играч на Барселона во време кога спортот е стопиран за „Мундо Депортиво“ зборуваше за животот во Мајами, но и за неговиот рецепт против коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стоичков има едноставен рецепет – лук и кромид, како и топла вода.

„Внимавам на себе. Во ова време јадам многу лук и кромид и пијам топла вода. Покрај тоа се туширам често за да се заштитам себе и моите блиски“.

Стоичков живее со неговото семејство и 80 годишна баба, повеќе внимава најмногу поради неа. „Тука сум со семејството и 80 годишна баба, овој вирус е посебно оопасен за неа. Не сакаме да ризикуваме, па иако внуците живеат во близина не сме се виделе една недела. Мерките во Мајами се ригорозни, прво беа затворени училиштата, а потоа и плажите. Кина ги реши проблемите за два месеци ќе видиме како ќе се справиме ние“, изјави Стоичков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…