Дома Македонски спорт Стоилов: Да не мислев дека можат без мене немаше да се откажам

Стоилов: Да не мислев дека можат без мене немаше да се откажам

Освен Филип Миркуловски вчера од репрезентацијата на Македонија се збогуваше и Стојанче Стоилов, ако за „Жути“ беше познато од претходно, Столе својата одлука ја соопшти на прес-конференција по натпреварот.

Стоилов кој повеќе од една деценија го носеше македонскиот дрес објави дека заминува поради преголема исцрпеност и фактот што неговото тело повеќе не може да го издржи тој напор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ставам крај на репрезентативната кариера, едноставно не сум здрав, моето тело не го издржува напорот. Фала и на македонската јавност за големата поддршка. Има многу имиња во изминатите години на кои сакам да им се заблагодарам, пред се туке Киро кој за мене секогаш ќе биде капитен, Жути исто така“.

„Да мислев дека не можат без мене немаше да се откажам, но верувам дека има кој да не замени. Верувам во овие деца, веќе не се ни деца. Не сакам да им ги земам минутите, Жаре заслужува да игра повеќе. Затоа мислам дека е време да има една смена на генерации која ќе биде конечна“, порача Стоилов.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…