Дома Останати Стигна потврда: Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Стигна потврда: Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Вимблдон, иако неодамна направи операција на менискусот по повредата на Ролан Гарос.

Организаторите на турнирот во Лондон го најавија учеството на Новак кој денес играше тренинг меч со Јаник Синер.

Ѓоковиќ по мечот со Синер разговараше со новинарите и кажа дека се чувствува добро пред третиот грен-слем во сезоната.

По операцијата во Париз му се предвидуваше долга пауза, меѓутоа Србинот успешно се врати на тениските терени и веќе тренираше на Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Нов ранен крај за Кецмановиќ: Дакворт го сопре уште на стартот во Алмати

Миомир Кецмановиќ продолжува со слабата серија, откако беше елиминиран уште во првото коло…