Дома Фудбал Италија Стигна одговорот од Спалети до Елмас за објавата со клупата

Стигна одговорот од Спалети до Елмас за објавата со клупата

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во центарот на вниманието со објавата на неговиот Инстаграм профил околу статусот во тимот на Наполи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Елмас очигледно не е задоволен со ситуацијата во која натпреварите ги започнува само од клупата за резерви, па се огласи на Инстаграм со објава на која стоеше „Мојата прва љубов – клупата“.

Одговорот до македонскиот репрезентативец стигна по натпреварот кој Наполи вчера го доби со Болоња 3:2.

„Резервистите во второто полувреме и денес го сменија резултатот. Фактот да не се игра од почетокот може да биде поважен од стартот од почетокот посебно ако ги решавате натпреварите и не се пазарите“, изјави Спалети.

Инаку резервистите на Наполи сезонава постигнале седум гола и тоа е повеќе од било кој друг тим во најсилните првенства во Европа. Елмас од почетокот на сезоната има само два старта против Лече и Специја и еден постигнат гол во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…