Дома Фудбал Англија Стигна засилување во Јунајтед, го откри локацијата на мобилниот телефон

Стигна засилување во Јунајтед, го откри локацијата на мобилниот телефон

Бразилецот Фред вчера го одигра пријателскиот натпревар со Бразил против Хрватска на Енфилд, а веќе денеска е во Манчестер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фред е првото засилување на Жозе Мурињо и според пишувањата на англиските медиуми денеска ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор.

Се работи за играч од средниот ред, а Црвените ѓаволи трансферот ќе ги чини околу 52. милиони евра.

Фред сега е фокусиран на бразилската репрезентација и се спрема за заминување на СП. Дека бразилецот се наоѓа во Манчестер го откри постот на Твитер со вклучена локација.

Иако се обиде да ја сокрие секоја трага, го избриша постот и повторно го објави без вклучена локација. Според истите медиуми тој наводно е сликан и во црно комбе со кое пристигнал на тренинг центарот на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Каков хит: Босанците среде САД си донесоа огромно ѓезве за кафе! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши подготовниот период за Светско…