Дома Фудбал Италија Старт како на Конте имале само уште две легенди на Интер и тоа пред половина век

Старт како на Конте имале само уште две легенди на Интер и тоа пред половина век

Вчера Антонио Конте го имаше своето официјално деби на клупата на Интер и започна навистина одлично, неговиот тим запиша победа од убедливи 4:0 против Лече.

Конте во Интер има големи амбиции и верува дека уште оваа сезона можат сериозно да се вмешаат во борбата за Скудетото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот стратег со оваа победа и добра игра најави одлична сезона, а ваков старт во Интер нема тренер од времето на Џузепе Меаца и Хеленио Херера, кој стартуваше на ваков начин.

Меаца и Херера важат за едни од најголемите легенди на Интер. Меаца е најдобриот стрелец во историјата на Серија А и токму по него Интер го даде името на стадионот. Тренер на „нероаѕурите“ беше во 50-тите години, додека Херера дојде подоцна, а Интер под негово водство ги освои првите две европски титули.

Конте има задача во Милано да донесе трофеј затоа што во клубот на такво нешто чекаат уште од историската 2010 година кога со Мурињо освоија тројна круна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…