Иднината на Нејмар повторно е главна тема, а најновите информации говорат дека и Манчестер Јунајтед се вклучил во трката за неговиот потпис.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најсапиот фудбалер во историјата се поврзува со заминување од ПСЖ после само една година откако „светците“ за него платија рекордни 222 милиони, а како главен кандидат за неговиот потпис се споменува Реал Мадрид.
Меѓутоа, „Диарио Гол“ тврди дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо го сака Нејмар во својот тим и направил план како да го донесе Бразилецот на „Олд Трафорд“.
„Специјалниот“ е подготвен да издвои за Нејмар вкупно 300 милиони евра, а покрај пари е спремен во Париз да го испрати и Пол Погба, кој во последно време не игра на посакуваното ниво.
Наводно Јунајтед наводно е подготвен да му понуди на Нејмар годишна плата од 35 милиони евра, а помош при трансферот ќе има и од спонзорите.
Погба, кој е проценет на околу 100 милиони евра, би можел да биде „мамка“ за ПСЖ да ја прифати понудата на Јунајтед, особено поради фактот што самиот Нејмар инсистира да го напушти Париз.