Дома Останати Кошарка Србин со македонско име и презиме ќе се појави на НБА драфтот!

Србин со македонско име и презиме ќе се појави на НБА драфтот!

Кошаркарот кој досега настапуваше за американскиот универзитет Гонзага, Филип Петрушев одлучи да се пријави за претстојниот драфт во НБА лигата.

Станува збор за српски кошаркар, но очигледно според името и презимето тој влече корени од нашата земја.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Петрушев е роден во Белград и е јуниорски репрезентативец на Србија. Може да се пофали со настапи за младинските тимови на Црвена Звезда и Партизан, а на само 14 години замина во Шпанија во тимот на Басконија, за на 16 веќе да се пресели во САД.

Во САД промени две средни училишта, а во 2017 година потпиша за Гонзага. Зад себе на овој универзитет Петрушев има две одлични години. Гонзага важи за реномиран универзитет од кој излезе кошаркар како Џон Стокон.

Ние досега сме немале свој претставник на НБА драфтот до кој блиску беа Владо Илиевски и Предраг Самарџински, но сепак не се појавија. Перо Антиќ кој сега е во трка за претседателската функција во МКФ е единствениот македонски кошаркар кој може да се пофали дека играл во НБА лигата, но тој таму стигна директно во Атланта, без да се појавува на драфт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн се огласи по најавите дека го одиграл последниот натпревар за Лејкерс

Тимот на Денвер го исфрли Лос Анџелес Лејкерс во првото коло од НБА плејофот со вкупни 4:1…