Дома Фудбал Останато Срамно: Додека тој уживал во луксуз и милиони, неговата ќерка се борела да преживее – сега му се заканува затвор!

Срамно: Додека тој уживал во луксуз и милиони, неговата ќерка се борела да преживее – сега му се заканува затвор!

Најдобриот камерински фудбалер на сите времиња, Самиуел Ето е во големи проблеми, а според шпанските медиуми му се заканува и затвор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шампионот со Барселона и Интер е во правен конфликт со својата ќерка која од него бара оштета, но и да отслужи една година затвор поради неисполнети обврски во издржувањето.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Ерика до Росарио Ниевес (23) која е правно призната ќерка на славниот фудбалер бара оштета и затвор за својот татко.

Во моментот на правното признание судијата утврди дека Ето треба да и исплаќа 1.400 евра месечно за издржување, но тоа поранешниот фудбалер не го правел.  Сега девојката бара казна за поранешниот камерунски репрезентативец.

„На својата ќерка и должи пари повеќе од пет години, односно околу 90.000 евра. Материјалната ситуација на Ерика е многу слаба, додека Ето живее во луксуз“, изјавил адвокатот на ќерката на Ето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…