За голем срам пишуваат српските медиуми во Србија после натпреварот против Шведска.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јавноста во Србија е згpoзена откако на интернет се појави на продажба дресот на играчот од средниот ред Иван Илиќ. Дресот на продажба се најде само еден ден откако Србија ја победи Шведска на „Рајко Митиќ“.




Домаќинот поради казна мораше да го игра натпреварот без публика, а на трибините имаше само 10.000 дечиња кои беа со своите наставници. После завршувањето на натпреварот фудбалерите им ги подарија своите дресови на децата во публика.




Меѓутоа еден од родителите се решил споменот на неговото дете од натпреварот да го претвори во пари и го ставил дресот на продажба за 1.000 евра.




Објавувачот на огласот секако доби голем број критики и од целата спортска јавност.