Дома Останати Спектаклот е спремен: Познат датумот за третата борба на Тајсон и Холифилд!

Спектаклот е спремен: Познат датумот за третата борба на Тајсон и Холифилд!

Нема официјална потврда меѓутоа веќе на големо се пишува за трета борба помеѓу Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според информациите Тајсон и Холифилд трет пат ќе ги вкрстат ракавиците на 11. јуни во Саудиска Арабија. Борбата ќе биде од хуманитарен карактер и парите ќе бидат наменети за социјално загрозените луѓе.

„Одлична вест, сакам пак да се борам против Мајк“, изјави неодамна Холифилд кој има 57 години, Тајсон е четири години помлад.

Претходните два дуели на овие двајца борци беа навистина возбудливи, меѓутоа овој сигурно ќе биде поинаков затоа што ќе биде необично да ги видиме на толкава возраст во рингот.

Тајсон последната борба ја одработи во 2005 година, додека Холифид од боксот се прости во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…