Дома Фудбал Спектакл од 7 голови за продолжение на бајката на Џирона (ВИДЕО)

Спектакл од 7 голови за продолжение на бајката на Џирона (ВИДЕО)

Џирона го победи Атлетико Мадрид со 4:3 во најдобриот натпревар од 19. коло на шпанскиот шампионат и со тоа го задржа чекорот со Реал Мадрид во поредокот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во првото полувреме беа постигнати пет гола. Валери, Савио и Дејли Блинд погодија за Џирона, додека Алваро Мората постигна два гола за Атлетико.

Центарфорот на Атлетико го комплетираше хет-трикот со гол во 54. минута за 3:3, но тука не беше крајот.

Иван Мартин погоди во 91. минута за победа на Џирона од 4:3.

Така Џирона со 48 бода повторно се израмни со лидерот Реал Мадрид кој на домашен терен ја победи Мајорка со 1:0.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Родри очајно сака трансфер во Реал Мадрид!“

Играчот за врска на Манчестер Сити, Родри, повторно се најде во центарот на вниманието на …