Дома Фудбал Италија Спектакл на Сан Сиро, Милан подобар од Интер 🎥

Спектакл на Сан Сиро, Милан подобар од Интер 🎥

Милан и Интер одиграа одлично дерби со пет гола и многу возбудува, а на крајот како победници излегоа „росонерите“ (3:2).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот започна одлично за Интер, кој после 20 минути игра преку Брозовиќ дојдоа во водство.

Тоа беше единствената грешка која ја направи Милан во првиот дел и до крајот создаде неколку одлични шанси. Израмни Леао и на одмор се замина со резултат 1:1.

Во вториот дел Интер немаше решение за расположениот Леао, кај најпрво му асистираше на Жиру за 2:1, а потоа сам ја измеша целата одбрана и погоди за 3:1.

Кога се чинеше дека Милан лесно ќе дојде до победата Интер се разбуди во последните дваесетина минути, намали преку Џеко и имаше два добри шанси, но не успеа да дојде до реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Норвежаните немаат мир – не очекувале ваков потег од ФИФА

Репрезентацијата која можеби е најпријатното изненадување годинава и која успеа да го побе…