Дома Останати Кошарка НБА Спектакл каков што не се памети во НБА: Ембид постигна 70 поени, Таунс 62

Спектакл каков што не се памети во НБА: Ембид постигна 70 поени, Таунс 62

Изминатата вечер во НБА лигата долго ќе ја паметат минатогодишниот МВП, Жоел Ембид и кошаркарот од редовите на Минесота Карл Ентони Таунс.

Најголемиот ривла на Никола Јокиќ за МВП наградата одигра спектакуларен натпревар и во победата на Филаделфија постигна 70 поени. Тој стана само третиот центар во историјата на својата позиција кој постигнал над 65 поени, пред него тоа им успеа на Вилт Чембрлејн и Дејвид Робинсон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На спротивната страна расположен беше Виктор Вембанјама кој уфрл и 33 поени, но тие не беа доволни. Ембид со овие 70 поени исто така постави личен и рекорд на франшизата. Покрај спектакуларната поентерска вечер тој успеа да додаде и 18 скока.

Спектакуларен настап, но не доволен за победа на својот тим имаше и Карл Ентони Таунс кој во поразот на Минесота  од Шарлот (125:128) постигна 62 поени. Кога е Таунс во прашање тој стана првиот играч во лигата кој по само две четвртини постигнал 44 поени.

Во сенка на овие две луди и историски настапи остана одличното издание на Кевин Дурант кој со 43 поени го предводеше Чикаго до победа од 115:113. Дурант го постигна и победничкиот кош на секунда и половина пред звукот на сирената.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Милвоки 113-122

Орландо – Кливленд 99-126

Филаделфија – Сан Антонио 133-123

Торонто – Мемфис 100-108

Минесота – Шарлот 125-128

Далас – Бостон 110-119

Феникс – Чикаго 115-113

Сакраменто – Атланта 122-107

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Скандал: Ѓоковиќ удрен со шише во глава🎥

Голем скандал се случи на мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Корентин Муте на Мастерсот во Рим. Ср…