Дома Останати Кошарка НБА Спектакл и драма: На крајот разочарување за амбициозните Нетси, радост за Бакси!

Спектакл и драма: На крајот разочарување за амбициозните Нетси, радост за Бакси!

Mилвоки Бакси ќе играат финале на истокот откако во драматична и фантастична серија ги исфрлија Бруклин Нетси. Во седмиот меч беше 111:115.

Кон крајот на првото полувреме Нетси на два пати имаа +10 и изгледаше дека ќе го решат мечот, но незгодните Бакси не се откажуваа и во второто полувреме се вратија во игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во драматичен и неизесен финиш Бакси во последната секунда влегоа со предност, а Кевин Дурант на две секунди пред крајот погоди за 109:109, па се играат продолженија.

Дополнителните пет минути донесоа добра одбрана, промашувања и само осум поени. Дурант во одлучувачките моменти промаши два шута, додека на другата страна Крис Миделтон и Брук Лопез погодуваа за голема и изненадувачка победа на Бакси.

Дурант беше најдобар поединец во мечот и постигна 48 поени, а имаше поддршка од Харден кој стигна до 22. Сепак неиграњето на Ирвинг се покажа како голем хендикеп. На другата страна Јанис Антетокумпо со 40 поени и 13 скокови беше најдобриот поединец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…