Дома Македонски спорт Спектакл во Скопје, Шкендија против Милан, Вардар против Фенербахче

Спектакл во Скопје, Шкендија против Милан, Вардар против Фенербахче

Веднаш после извлекувањето на паровите за Лигата на шампионите во Нион, своите провитници ги добија македонските претставници во плеј-офот за Лигата на Европа, Вардар и Шкендија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата на Вардар за противник го доби, турскиот гигант Фенербахче и ќе има пеколно тешка задача за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Ниту Шкендија немаше воопшто лесен ждреб, во Скопје ќе гостува тимот кој потроши најмногу ова лето екипата на италијанскиот гигант Милан.

Плеј-офот од Лигата на Европа е втора шанса за влез во групната фаза за македонскиот шампион, Вардар откако не успеа да го елиминира Копенхаген и така да си обезбеди европска есен иако беше на чекор од такво нешто,  Шкендија своето место го доби после елиманцијата од литавскиот Тракаи. 

Првите натпревари се играат на 17 август, додека реваншите се закажани за 24 август. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …