Рускиот УФЦ борец Кабиб Нурмагомедов се уште е во еуфорија после победата над Мекгрегор, па сега го предизвика на дуел непобедливиот бокесер Флојд Мејдевер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После борбата со Мекгрегор настана вистински хаос, Кабиб најави дека ќе го напушти УФЦ, а сега веројатно се обидува што е можно повеќе да го искористи маркетиншкиот „бум“.
Тој го предизвика легендарниот боксер Флојд Мејдевер на меч бидејќи „во џунглата има место само за еден крал“. Интересно, Мејдевер е непоразен во својата дисциплина, исто како и Кабиб во својата.
„Ајде да се бориме! 50-0 против 27-0. Двајцата никогаш не сме изгубиле. Ајде! Во оваа џунгла има место само за еден крал“, истакна Нурмагомедов.
Потсетуваме, Мејдевер и Мекгрегор имаа дуел минатиот август и во тој меч победи боксерот.