Дома Фудбал Италија Спалети: Не заслуживме пораз!

Спалети: Не заслуживме пораз!

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети смета дека неговите играчи не заслужиле пораз во дербито против Јувентус синоќа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Ќе биде потребно повеќе од една непреспиена ноќ. Не го заслуживме поразот и тоа треба јавно да се каже. Јасно е дека мораме да се помириме со тоа, иако горчината е голема. Натпреварот за нас беше од големо значење, како и за играчите така и за навивачите. Работата е што моите играчи не се роботи, тие доаѓаат на натпреварот со емоции и ова сигурно дека ќе остави последици“, изјави Спалети.

Спалети, исто така, имаше некои забелешки до судијата Даниеле Орсато, кој според него не судел со исти критериуми за двата тима.

„Тешко е да се процени. Мислам дека судијата не ги проценуваше ситуациите за двата тима на ист начин. Изгубивме, бидејќи потрошивме премногу енергија откако останавме со 10 фудбалери на теренот. При израмнувачкиот гол за 2:2 дејствувавме хаотично и немаше среќа. Тимот заслужуваше повеќе“, заклучи Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкендија Арачиново и Скопје за да играат Прва лига мора прво да ги исполнат сите услови

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешниот брифин…