Интер игра фантастична сезона, а најголеми заслуги за тоа има тренерот Лучијано Спалети кој направи одличен тим и постигнува одлични резултати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, има и новинари кои не мислат дека екипата игра толку добро, па еден таков се јави после натпреварот со Каљари.
„Перишиќ направи фаул при последниот гол на Интер, а Каљари беше подобар тим денес“, беа зборовите на новинарот на пресконференцијата.
„Извини, но ако гледаш толку мрачно, тогаш тргни го тој слон од пред себе што ти го блокира погледот“, одговори нервозно Спалети.