Дома Фудбал Италија Сопственикот на Јувентус потврди: Алегри останува

Сопственикот на Јувентус потврди: Алегри останува

Италијанскиот гигант Јувентус поминува низ турбулентен период, откако целото раководството заедно со претседателот Ањели си поднесоа оставка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус има сериозно обвинение за финансиски малверзации, па актуелното раководството ја презеде одговорноста и си поднесе оставка.

Од клубот си замина претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, извршниот директор Маурицио Аривабене, а се шпекулираше дека неизвесна е иднината и на тренерот Алегри.

Меѓутоа, сопственикот Џон Елкан потврди дека Алегри останува клучен за спортскиот проект на клубот.

„Алегри останува клучна фигура во спортскиот проект на Јувентус и ќе го води тимот до следните големи успеси“, изјави Елкан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Робин ван Перси доби отказ

Робин ван Перси, некогашен напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, доби отказ од местото …