Дома Фудбал Солскјер: Спремни сме на најлошото можно сценарио

Солскјер: Спремни сме на најлошото можно сценарио

Во Манчестер Јунајтед се плашат од вечерашниот натпревар против Партизан, а причината е само една.

Нормално, станува збор за расизам, па Солскјер вели дека играчите на Јунајтед се спремни на најлошото можно сценарио.

„Разговарав со Хари и Маркус. Тие беа во Бугарија кога тоа се случи. Ни кажаа што можеме да очекуваме и каква е атмосферата. Исто така, ни кажаа и кое е најлошото можно сценарио. Спремни сме да одиме до крај на протоколот.“ – изјави Солскјер.

Според протоколот, постојат три чекори до прекин на натпреварот. Првиот е да се опомени публиката, а доколку тоа не успее, играчите се повлекуваат во соблекувалната, а публиката повторно добива опомена.

Ако и тогаш нема промени, тогаш натпреварот дефинитивно се прекинува, па како што кажува Солскјер, Јунајтед е спремен на тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во Валенсија: Леванте и Севиља во спектакуларно реми 3:3

Леванте и Севиља приредија вистинска драма во Валенсија, завршувајќи 3:3 во натпревар од ш…