Дома Фудбал Англија Солскјер одлучи: Погба повеќе нема да изведува пенали

Солскјер одлучи: Погба повеќе нема да изведува пенали

Пол Погба повеќе нема да ги изведува пеналите после промашувањето кое го имаше против Волвс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Црвените ѓаволи имаа шанса од белата точка да дојдат до победа од 2:1, но Руи Патрисио му го одбрани ударот на Французинот и на крајот остана 1:1.

После натпреварот менаџерот Оле Гунар Солскјер беше лут поради промашувањето. Одлучи Погба повеќе да не шутира, а улогата за изведувач на удар од 11 метри му ја додели на Маркус Рашфорд.

Рашфорд во првото коло против Челси беше сигурен реализатор на пенал. Погоди за водство кое му го отвори патот кон победата.

После две одигра никола Јунајтед има четири бода, а во сабота ќе има шанса да го подобри својот учинок, бидејќи на Олд Трафорд доаѓа Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …