Дома Фудбал Англија Солскјер доби рекорден буџет за летни засилувања

Солскјер доби рекорден буџет за летни засилувања

Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер неодамна потпиша тригодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Солскјер на Олд Трафорд дојде како привремено решение откако Жозе Мурињо доби отказ. Меѓутоа, во Јунајтед не очекуваа дека Норвежанецот ќе ја препороди екипата и ќе направи толку голем напредок за само неколку месеци.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Челниците на клубот одлучија да му дадат поддршка на Солскјер и да му понудат нов тригодишен договор. Тој тоа го прифати без размислување и порача дека му се остварил сонот да го води клубот за кој настапуваше и како фудбалер.

Сепак, јасно е дека пред него има многу работа до крајот на оваа сезона, а најмогу поради проблемите со играчкиот кадар. Клубот сака да се врати на самиот врв и јасно е дека ќе им бидат потребни големи засилувања.

Англиските медиуми пренесуваат дека конечно тоа го сфатиле и челниците на клубот и одобриле рекорден буџет за засилувања. Наводно, Солскјер на располагање ќе има 250 милиони евра за засилувања, а тоа може да се зголеми и доколку Јунајтед продаде некој, а тоа веројатно ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Островот тврдат: Де Брујн го напушта Сити, познат и новиот клуб

На само неколку дена пред почетокот на финалето од ФА Купот во кое Сити ќе игра за нов тро…