Дома Топ вести Солскјер го сака поранешниот напаѓач на Ливерпул

Солскјер го сака поранешниот напаѓач на Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и сга член на Саутемптон, Дани Ингс е новата трансфер цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај фактот што Кавани потпиша нов договор и ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, сепак „црвените ѓаволи“ сакаат да донесат уште еден напаѓач ова лето.

Солкјер вчера потврди дека клубот е во потрага по засилување на нападот, а најновоти име на списокот е Дани Ингс.

28-годишниот Ингс има договор со „светците“ на уште една сезона, па најверојатно ова лето ќе биде продаден.

Со оглед на фактот дека Хари Кејн е премногу скап, „црвените ѓаволи“ ќе испратат понуда до Ингс во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…