Дома Фудбал Останато Совет за Борусија: Доведете го стоперот на Баерн и ќе ја освоите титулата!

Совет за Борусија: Доведете го стоперот на Баерн и ќе ја освоите титулата!

Баерн Минхен од следната сезона ќе биде посилен за Бенџамин Павар и Лукас Ернандез во дефанзивната линија што нзачи дека ќе мора да продаде некој од одбранбените играчи, а на излезни врати е Жером Боатенг.

Штефан Ефенберг, поранешниот фудбалер на Баерн и репрезентативец на Германија денес работи како колумнист во германски портал. Во својата последна колумна која ја пишуваше за Борусија Дортмунд даде свое мислење за реконструкцијата која овој тим според него треба да ја спроведе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според негово мислење за да бидат кандидати за титулата Борусија мора да доведе барем еден искусен и сигурен стопер. Како идеално решение Ефенберг им го предложува Боатенг кој е на излезни врати од Минхен.

„Дортмунд е единствениот клуб во Бундес лигата кој би бил идеален за него. Би им препорачал да го купот. Тој за нив би бил одлично решение. Со него Борусија може да се бори за титулата, веројатно и да ја освои“, стои во колумната на Ефенберг.

Досега интерес за Боатенг покажаа Пари Сен Жермен и Интер, а цената на овој играч би требало да биде околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…