Дома Фудбал Смртни закани за понежната половина на Иско: Се ова отиде предалеку (ФОТО)

Смртни закани за понежната половина на Иско: Се ова отиде предалеку (ФОТО)

На убавата Сара Саламо не и преостана ништо друго туку на помош да се обрати кај мадридската полиција поради заканите кои ги добила по пат на социјалните мрежи.

Имено, Саламо е девојка на играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, кој по периодот фантастични партии западна во криза, па во последно време во дресот на Кралевите нуди за своите стандарди, доста лоши партии.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Навивачите на Реал веќе некое време токму Саламо ја обвинуваат за неговата лоша форма. Како што се наведува, токму Сара е виновна за „бурниот живот“ кој во последно време го води шпанскиот фудбалер.

Меѓутоа, еден симпатизер на Реал заминал предалеку, па на Твитер и упатил порака на Сара во која напишал дека нејзините денови се одбројани.

Девојката на Иско набрзо на Твитер, а потоа и кај шпанската полиција се огласила пишувајќи: „Здраво, овој човек кој се нарекува женомрзец, ми испаќа вакви пораки“.

Заканувачката порака, а потоа и профилот на човекот кој се заканувал набрзо потоа се избришани, но на социјалните мрежи се појави фотографија на која човекот стои со пушка во своите раце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Размислувам за враќање во Шпанија

Шанса да ја освои титулата сезонава има и Арсенал со Микел Артета, а трката ќе биде отворе…