Дома Македонски спорт Мак баскет Слабо полувреме: Публиката испрати свирежи, Естонија изгледа пресилно!

Слабо полувреме: Публиката испрати свирежи, Естонија изгледа пресилно!

Македонија денес го игра првиот натпревар од квалификациите за Евро 2021, а противник во А1 Арената „Борис Трајковски“ ни е селекцијата на Естонија.

Естонците беа тие кои подобро влегоа во натпреварот, ние неколку минути бевме без гол, па тие направија предност од 0:6 на стартот. По малиот грч на стартот нашите кошаркари се вратија и со серија од 5:0 стигнаа на еден разлика 5:6. Потоа повторн оследуваше серија на Естонија која стигна до 5:9. Во продолжение од првата четвртина Естонија стигна и до тој момент највисоки плус 7 (9:16). Сепак, избраниците на Тодоров брзо се вратија па после првите 10 минути игра резултатот гласеше 18:20 во корист на Естонците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Втората четвртина донесе полоша игра на нашата селекција, па Естонија започна да ја зголемува предноста. Во 14.минтуа Естонија стигна до високи +13. По таа предност на Естонија следуваше тројка на Бојан Крстевски, меѓутоа и гостите возвратија на ист начин на спротивната страна, па имаа водство од 21:34.

Во последните пет минути работите не променија многу Естонија ја зголемуваше предноста и во последните две минути од четвртина влезе со предност од 22:41. На полувреме Естонија замина со предност од 22 поени разлика (23:45).

Иако многу се очекуваше засега не видовме многу од Ненанд Димитријевиќ. Најефикасни во нашите редови беа Шејн Витигтон и Војдан Стојановски со по седум поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…