Дома Фудбал Скандал: Репрезентативец на Србија заврши во притвор!

Скандал: Репрезентативец на Србија заврши во притвор!

Драган Росиќ беше единствениот фудбалер од српската Суперлига кој доби место на последниот список на селектор Драган Стојковиќ-Пикси, а сега се најде во центарот на вниманието поради скандал.

Имено, голманот на Раднички бил уапсен поради крвава тепачка во ноќен клуб. Според информациите на српските медиуми, Росиќ во ноќен клуб во Ниш претепал момче и му нанел тешки телесни повреди.

Веднаш по пријавата, голманот бил уапсен. Тој не бил единствениот кој го тепал момчето, меѓутоа бил предводник во тепачката, објави „Телеграф“. Поради повредите момчето завршило во болница, додека репрезентативецот бил задржан во притвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…