Дома Фудбал Репрезентации Скалони со лудо барање: Тешко дека УЕФА би реализирала вакво нешто

Скалони со лудо барање: Тешко дека УЕФА би реализирала вакво нешто

Аргентинскиот селектор, Лионел Скалони пред полуфиналето на Копа Америка имаше необично барање тврдејќи дека сака да види европски репрезентации на јужноамериканскиот турнир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Скалони верува дека таква ситуација би била интересна, а исто така би сакал и репрезентација од Јужна Америка да гледа на Европското првенство.

„Сакам да видам репрезентација од Европа на Копа Америка, навистина ме интересира како ќе изгледа. Исто така и спротивното, наша селекција да биде дел од Европското првенство“, изјави Скалони.

Во овој момент не изгледа дека во блиска иднина ваквата желба на Скалони може да стане реалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Непријатни вести од Светското: А дали ќе го гледаме Нејмар? Солзи во Бразил!

Фудбалски Бразил би можела да остане без своја најголема надеж додека трае целата групна ф…