Дома Топ вести Сити приморан да ја прифати „мизерната“ понуда за Сане

Сити приморан да ја прифати „мизерната“ понуда за Сане

Германскиот репрезентативец Лерој Сане ова лето ќе го напушти Манчестер Сити и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сане веќе подолго време во медиумите се поврзува со заминување, а пред неколку дена и Пеп Гвардиола јавно ја потврди желбата на фудбалерот да го напушти клубот.

Сане одби да го продолжи договорот со „граѓаните“ кој му истекува следното лето, па Сити ќе биде приморан да ја прифати понудата од Баерн Минхен.

Германските медиуми пренесуваат дека Баварците понудиле 40 милиони евра за потписот на Сане, а Сити ќе мора да прифати бидејќи следното лето Германецот ќе замине без обештетување.

Сане веќе има постигнато договор со Баерн за 5-годишна соработка, па се очекува трансферот да се официјализира наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…