Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва гостуваат кај екипата на Њукасл во 20. коло во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пеп Гвардиола има одредени кадровски проблеми, бидејќи Кевин Де Брујне е под знак прашање бидејќи изминатите денови беше болен.
Денес се појави информацијата дека Давид Силва повторно доби слободна да се врати во Шпанија од приватни и непознати причини, поради што и изминатата недела беше со неговото семејство.
Тоа значи дека Илкај Гундоган ќе биде речиси сигурен стартер, а ќе видиме дали Пеп ќе ризикува со Де Брујне.
Во случај на победа, Сити ќе има предност пред Јунајтед со 15 бодови, а мечот на програмата е закажан за 20:45.