Дома Фудбал „Сите сакаат нешто да кажат затоа што Реал е најголем клуб во историјата“

„Сите сакаат нешто да кажат затоа што Реал е најголем клуб во историјата“

Тренерот на Реал Мадрид истакна дека повеќе не го интересираат приказните дека неговиот тим победува благодарение на судиите.

„Кралевите“ на последните три натпревари добиваа пенали и поради тоа во Шпанија се води голема полемика за употребата на ВАР.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не ме интересира што другите зборуваат. Наша работа е да покажеме колку сме добри. Сите сакаат нешто да кажат затоа што Реал е најголем клуб во историјата и тоа нема да се промени. Секој има право на свое мислење и нема да дозволам тоа да влијае на мене. Ние сме задолжени за она што се случува на теренот. За мене најважен е трудот на моите играчи“, изјави Зидан.

Реал Мадрид во овој момент е првпласиран на табелата во Ла Лига со бод повеќе и натпревар помалку од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…