Дома Фудбал Сите веќе го отпишаа и преселија, но „АС“ тврди: Тој ќе биде лидерот на „новиот“ Реал

Сите веќе го отпишаа и преселија, но „АС“ тврди: Тој ќе биде лидерот на „новиот“ Реал

real madrid

Во секој преоден рок шпанските па и европските медиуми го преселуваат од Реал Мадрид, интересот секако го има, но тој и понатаму е дел од „кралевите“.

Станува збор за Хрватот од средниот ред на Реал, Матео Ковачиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ковачиќ покрај Касемиро, Лука Модриќ и Тони Крос не може да се избори за поголема минутажа и во главно натпреварите ги започнува од клупата за резерви, па тоа е причината медиумите да пишуваат за негово заминување.

Јасно е интерес постои. Овој преоден рок го посакуваа гиганти како Манчестер Јунајтед, Интер, Јувентус и Тотенхем, но Ковачиќ и по завршувањето на јануари се уште е играч на Реал.

Во денешното издание на „АС“ јасно се наведува: „Ковачиќ не е на продажба, барем таква е ситуацијата во клубот во овој момент“.

Според еден од најголемите шпански медиуми во Реал очекуваат Ковачиќ  да се врати во форма по тешката повреда на стартот од сезоната и после Светското првенство во новата сезона да биде еден од лидерите во новиот проект на актуелниот шпански и европски шампион.

kovacic

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…