Дома Македонски спорт Мак ракомет СЕХА се враќа месецов: Потврден терминот за мечот Вардар – Нексе

СЕХА се враќа месецов: Потврден терминот за мечот Вардар – Нексе

Раководството на Вардар потврди дека новата натпреварувачка сезона клубот ќе ја започне на 29 август кога е закажан натпреварот против Нексе во СЕХА лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


СЕХА и Вардар како домаќин дефинирале дека мечот може да се организира на 29 август во 20 часот и 15 минута. Секако, се ќе се одвива според протоколите, а публика во салата нема да има.

Првиот четвртфинален натпревар против Нексе Вардар го одигра уште во февруари и тогаш славеше со минимални 31:30 во Нашице.

Доколку Вардар обезбеди место во полуфиналето таму ќе игра со ППД Загреб кој веќе се пласираше помеѓу најдобрите четири како и Мешков. Втор натпревар треба да одигра и Веспрем против Војводина (31:26 за Веспрем заврши првата средба).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…