Дома Останати Тенис Сензација во светот на тенисот: Се враќа легендарната Марија Шарапова?!

Сензација во светот на тенисот: Се враќа легендарната Марија Шарапова?!

Некогаш најдобрата тенисерка во светот, легендарната Марија Шарапова според најавите би можела да ја прекине пензијата и да се врати на мечевите.

Руската тенисерка ја прекина кариерата пред повеќе од три години, а во меѓувреме стана и мајка. Сега потврди дека повторно започнала да тренира.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Се враќам со редовните тренинзи и повторно вежбам, во здравото тело има здрав ум“, објави Шарапова.

Шарапова во овој момент им 36 години и е само еден месец повозрасна од Новак Ѓоковиќ кој игра како во најдобрите денови. Се истакнува и дека некогаш нејзината најголема ривалка, Серена Вилијамс имаше толку години кога се врати на тенисот по породувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…