Дома Останати Тенис Сензација во најава: Жена ќе биде нов тренер на Ѓоковиќ!?

Сензација во најава: Жена ќе биде нов тренер на Ѓоковиќ!?

Веќе неколку дена се шпекулира кој би можел да биде нов тренер на Новак Ѓоковиќ, а сега во српските медиуми се појави сензационална најава.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно, две жени се во „битка“ за пополнување на таа позиција, а популарниот Ноле би можел да бира меѓу Амели Морезмо и Кончита Мартинез, пишува српски „Курир“.

Се наведува дека причината за ваква одлука е дека тоа би донело сосема поинаков однос меѓу тренерот и играчот. На светскиот рекет број еден во оваа фаза од кариерата му треба мир и трпение, а не изливи на гнев и нервоза.

Да потсетиме, Ѓоковиќ неодамна ја прекина соработката со тренерот Горан Иванишевиќ, а моментално работи со Ненад Зимоњиќ и уште неколку луѓе од тенискиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …